Posted On: May 29th 2026, 11:53 am
ОД МАЛТА ДО ПЛОДНОСТ
УСПЕШНА ИВФ ПРИКАЗНА
По два неуспешни ИВФ обиди во Малта, овој пар донел тешка, но храбра одлука. Да отпатува стотици километри и да му даде уште една шанса на својот сон.
Причината за неплодноста беше исклучително тежок машки фактор со комплетна азооспермија, односно отсуство на сперматозоиди во ејакулатот.
Во Болница Плодност беше изведена TESE процедура, при што беа изолирани сперматозоиди директно од тестисите. Благодарение на работата на нашиот ИВФ тим и ембриолошка лабораторија, беше создаден ембрион кој денес има јасен и најубав доказ за успех.
Позитивна срцева акција во 9-та гестациска недела.
„Направивме истражување, ги видовме вашите успешни приказни и решивме да дојдеме кај вас како наша последна шанса.“
Благодарни сме за довербата што ни ја дадовте и што го избравте нашиот тим на овој важен пат.
На идните родители им посакуваме мирна бременост и уште многу среќни моменти во месеците што следуваат ❤️
📞 +389 47 208 880
📲 Viber / WhatsApp: +389 75 472 503
Load More