Posted On: September 19th 2026, 06:17 am
Овесна чоколадо-лешник каша со смокви 🍫🌰
Овој рецепт е за сите љубители на комбинацијата чоколадо + лешник, со додаток на свежи смокви. Секако, смоквите можете да ги замените со овошје по ваш избор.
Овој пат експериментирав со еден од новите Azgard протеини – чоколадо и лешник, и морам да кажам дека вкусот е превкусен! Од него направив кремаста овесна каша со какао, смокви, путер од лешник и крцкави лешници, комбинација која е совршена за богат и протеински појадок. 🤎
Особено ми се допаѓа што протеинот има толку убав вкус што можете да го користите и во рецепти, а не само за протеински шејк.
Ако сте љубители на чоколадо и лешник, обавезно пробајте ја! 😍
Доколку сакате да го нарачате протеинот, со кодот MARTINA10 добивате 10% попуст.
Состојки:
• 200 г бадемово млеко
• 100 г вода
• 30 г протеин со вкус на чоколадо и лешник
@nolimit.supplements @azgard.mk • 40 г овес
• 5 г чиа
• 10 г какао
• ½ мала лажица карамела стевија капки
• ½ мала лажица стевија капки
• 100 г смокви
• 15 г путер од лешник
• 10 г лешници
Подготовка:
Ставете ги овесот и чиата со 100 г вода во тенџере и оставете ги преку ноќ во фрижидер. Потопувањето преку ноќ го омекнува овесот и придонесува за покремаста текстура.
Утредента додајте ги останатите состојки за кашата и варете на средна температура, со повремено мешање, додека кашата не се згусне.
Потоа одозгора додајте ги смоквите, сечканите лешници и путерот од лешник.
Нутритивни вредности за целата порција:
✨ 613 kcal
✨ 53,3 г јаглехидрати
✨ 27,6 г масти
✨ 40,8 г протеини
✨ 18,5 г шеќери