Posted On: April 24th 2026, 06:01 pm
Полуотворен летниковец од 30m2 сместен на планина, создаден како простор за собирање, готвење и уживање во природата.
Просторот е организиран со outdoor custom кујна, кујнски остров и трпезарија, изработени од природни материјали и опремени со кујнска опрема специјално наменета за надворешни услови.
Застаклен од три страни, летниковецот овозможува користење во сите сезони без да го попречи погледот, каде архитектурата останува тивка, а природата доминира.
Ова е редефинирано outdoor искуство, место каде архитектурата создава амбиент за живеење, собирање и уживање во природата.