Posted On: July 22nd 2026, 01:16 pm
#mediaset Возењето автомобил со мануелен менувач може повеќе да ги активира одредени мозочни функции отколку возењето возило со автоматски менувач, покажуваат истражувања на Универзитетот Тохоку.
Според научниците, при управување со автомобил со мануелен менувач возачот истовремено мора да ги координира кумплунгот, менувачот, педалата за гас и брзината на движење. Таквата координација го ангажира префронталниот кортекс, како и процесите поврзани со вниманието, меморијата и донесувањето одлуки.
Истражувачите посочуваат дека овој дополнителен когнитивен ангажман е помалку изразен кај автомобилите со автоматски менувач, бидејќи дел од задачите ги извршува самиот систем.
Сепак, научниците нагласуваат дека ваквите резултати не значат дека возењето автомобил со мануелен менувач долгорочно го подобрува здравјето на мозокот. Во моментов нема цврсти научни докази дека таквиот начин на возење спречува когнитивно опаѓање или дека кај возачите на автомобили со автоматски менувач мозочната стимулација е целосно отсутна.
Заклучокот на истражувањето е дека мануелниот менувач бара поголем когнитивен ангажман за време на возењето, но тоа само по себе не е доказ за долгорочни придобивки врз функцијата и здравјето на мозокот.