Posted On: August 21st 2026, 03:00 pm
Bonobo Hi-Fi Place 🎶
Проект кој навистина ни беше посебен, простор во кој се среќаваат архитектурата, музиката и атмосферата.
Ентериерот го развивавме со Pragmatica studio заедно со Ерина Филиповска и Фросина Николовска.
Идејата тргна од балансот меѓу сурови и топли материјали како бетон, метал и чисти геометриски форми, во комбинација со дрво, зеленило и слоевито осветлување. Винил колекцијата, скулптуралниот бар и различните нивоа во просторот создаваат различни ритми и атмосфери од поотворени и социјални до помирни и поинтимни.
Сакавме Bonobo да има свој карактер — современ, малку суров, но топол и опуштен. Простор во кој не доаѓаш само на пијачка, туку сакаш да останеш уште малку.
Мило ни е што сега просторот живее.
Во соработка со:
@bonobo.hi_fi.place @pragmatica.studio @erinafilipovska @fros_niko @konstrukta_mk @freeform.mk @mebelacevski @monozero @teoharov_audio@laplast.m