Posted On: November 2nd 2026, 05:00 pm
Во утрешното издание на Утринска на Телма, живот со ретка болест! Во темата на денот зборуваме за тоа со какви предизвици се соочуваат пациентите со ХАЕ и нивните семејства? Разговараме со Наташа Јовановска Поповска, претседателка на здружение ХАЕ Македонија и Наташа Анѓелеска, претседателка на Национална алијанса за ретки болести на Македонија
Раскажуваме и за успесите на македонските каратисти на неодамна одржаното Светско првенство во традиционално карате во Копер, Словенија
Помош и поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства – Вања „На лице место“ со Благородна Коцева Симјанов
Промоција на пет нови сликовници од едицијата „Стела и Сани“ – разговараме со авторката Бистра Георгиева
Започнете го утрото со Цеце и Ивана