Instagram story viewer> @decentrala.org.mk> Posts
51
followers
66
following
Здружение за децентрализација, истражување и промоција на културата
---
Association for Decentralization, Research and Promotion of Culture
POSTS STORIES REELS TAGGED
Како изгледаат нашите емоции кога ќе ги преточиме во уметност?

Преку различни уметнички техники и креативни пристапи, ќе ги истражуваме чувствата и начините на кои можеме да ги изразиме преку уметноста. Работилницата е наменета за сите возрасти и ќе се одржи под менторство на @draganchotanevski .

📅 20 октомври
🕝 14:30 часот
📍 ООУ „Тодор Јанев“, Чашка

Пријави се преку линкот на #Story! by @decentrala.org.mk
0
20 hours ago
Download
taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
Аријана Хоџиќ е родена на 8 јули 2003 година во Сараево, каде што го завршила основното образование. Моментално е студентка на завршна година на Академијата за ликовни уметности во Сараево, на Отсекот за графика.
Активно се занимава со графика, сликарство и цртеж и учествува на современата ликовна сцена во Босна и Херцеговина, како и во регионот. Своето средно образование го завршила во Средното училиште за применети уметности во Сараево, на насоката за рекламна графика.
Во текот на средношколското и подоцна академското образование, таа развила широк спектар на вештини во: традиционални графички техники, експериментални пристапи и комбинирани медиуми. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
2
4 months ago
Download
Ѓоше Манчев роден во 1997 г. во Велес е дипломиран преведувач на Филолошкиот Факултет "Блаже Конески" - Универзитет "Св Кирил и Методиј" - Скопје. Моментално работи како наставник по англиски јазик и фриленс графички дизајн. Уште од најрана возраст пројавува интерес и љубов кон визуелната уметност. Истражува и експериментира со низа на дигитални алатки и медиуми за да создаде уметност инспирирана од секојдневните опкружувања која поттикнува емоции и дијалог преку креативно и имагинативно размислување. Преку неговите дизајни можеме да ги забележиме и спознаеме фиктивните светови преку кои симболички ги материјализира моменталните чувства и емоции. И покрај тоа што неговата примарна дејност е лингвистика тој страсно пристапува кон ликовната и визуелната уметност. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
Ана Трајковска е родена на 31 јули 1995 година во Скопје, Република Северна Македонија, каде што живее и работи. Своето уметничко образование го стекнува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што во 2018 година го завршува додипломскиот студии, а во 2021 година го брани магистерскиот труд во областа на графиката. Нејзиното формирање продолжува преку педагошка доквалификација на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски" (2023) и обука по графички дизајн (2023). Трајковска работи во полето на современата уметност со фокус на графика, инсталација и концептуални медиуми. Нејзината практика се движи помеѓу личното и политичкото, истражувајќи теми на системска кревкост, родова идентификација и критика на доцниот капитализам. Од 2025 година е вработена како асистент на Факултетот за уметност и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, каде активно учествува во педагошката и кураторската дејност. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
1
4 months ago
Download
Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г. 2026г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. Од 2015 Активно организира и конципира детски работилници. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
Наталија Спасеноска е родена 1993 година во Охрид. Дипломиран ликовен педагог со сликарство на факултетот за Ликовни Уметности во Скопје во класата на ред.проф. Јован Шумковски во 2017 година. Во 2024/2025 година се доусоврши во областа на графички дизајн на Академијата Браинстер Работи како наставник по Ликовно Образование и графички дизајнер. Има учествувано на повеќе групни изложби во склоп на ФЛУ, Галерија под отворено небо, НУЦК Кочо Рацин Кичево, МКЦ Скопје. Има самостојна изложба во склоп на фестивалот Ехо-патува каде што го изложи серијалот "Врска човек-планина" 2024 година Организатор е на повеќе детски ликовни изложби и ментор во Ликовно Атеље. Најчесто изработува акрил на платно, комбинирани техники и се води по моментална емоција преку боја и форма со експресивни потези, црпи инспирација од природата. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
Зафир Јованов е визуелен уметник и графички дизајнер со силен фокус на 2D и 3D креација. Дипломирал графички дизајн на ФОН, каде што ги развил своите технички и креативни вештини. Неговата работа опфаќа цртање, дигитална илустрација, 3D моделирање и 3D печатење, комбинирајќи традиционални и современи техники. Преку своето творештво, Зафир истражува различни стилови – од уметнички илустрации до концепт дизајн и комерцијални проекти. Неговите дела често носат силен визуелен идентитет, инспириран од поп-култура, фантазија и урбана естетика. Покрај индивидуалната работа, активно учествува во креативни проекти и настани, придонесувајќи кон развојот на локалната уметничка сцена. Неговата цел е постојано да експериментира со нови форми и технологии, создавајќи уникатни визуелни приказни. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
0
4 months ago
Download
Ангела Махоска, родена 1994г. во Струга. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и редовен учесник на уметнички симпозиуми. Махоска твори во повеќе техники, најчесто во акрил на платно, каде низ симболични форми и експресивни композиции ги истражува емоциите, женското тело и енергии што го обликуваат човечкиот внатрешен свет. Нејзините дела претставуваат визуелен одраз на аурите, состојбите на умот и духовната поврзаност помеѓу телото и емоцијата. Махоска работи како ликовен педагог веќе 10 години во основно училиште во Струга. Самостојна изложба во исчекување | aвгуст 2026 година. taken in Општина Чашка by @decentrala.org.mk
9
4 months ago
Download

Download All

Save the photos and videos currently loaded on this page.

0Photos
0Videos
Ready to download 0 / 0

Keep this tab open until your download is ready.

back to up