Instagram story viewer> @skopje1mk> Posts
6856
posts
101.7K
followers
2
following
Информативен портал
Следете @pretres.mk
Опуштете се… @mediaset.mk
POSTS STORIES REELS TAGGED
Download All
⚡#Скопје1 • Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во паркот „Авионче“ присуствуваше на последните подготовки на учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кој и годинава ќе тргне кон Крушево во чест на Илинден.Како што објави Митески на социјалните мрежи, тој се сретнал со учесниците на маршот и им изразил благодарност за нивната посветеност и за тоа што во голем број ја продолжуваат оваа долгогодишна традиција.„Ми беше особено драго што се запознав со овие посветени луѓе и им изразив искрена благодарност што и оваа година, во толку голем број, ја продолжуваат оваа значајна традиција“, напиша Митески.Тој истакна дека е горд што Општина Аеродром и населбата Горно Лисиче повторно се почетната точка на маршот кон славното Крушево, нагласувајќи дека на тој начин достоинствено се негува споменот на илинденците и се чува духот на македонската историја. by @skopje1mk
2
an hour ago
Download
⚡#Скопје1 • Катаклизмично… by @skopje1mk
3
3 hours ago
Download
⚡#Скопје1 • Преубаво ☀️ by @skopje1mk
0
4 hours ago
Download
⚡#Скопје1 • Ужасно видео каде Македонка брутално гази куче со автомобил во Црна Гора, се бара притвор by @skopje1mk
72
7 hours ago
Download
⚡#Скопје1 • По дождот, доаѓа сонце☀️ by @skopje1mk
0
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • Град Скопје соопшти дека денеска добил пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека инспекциските служби на Град Скопје веднаш излегле на терен, а за случајот биле известени и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така започнале увид.За утврдување на изворот на загадувањето, инспекторите користеле и дрон, додека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ земале примероци од водата за лабораториска анализа, со цел да се утврди за каква материја станува збор.Ѓорѓиевски посочи дека Град Скопје е во постојана комуникација со Министерството за животна средина и изрази очекување дека причинителот на загадувањето наскоро ќе биде откриен и соодветно санкциониран.„Толеранција нема да има за никого“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом надлежното министерство ги соопшти резултатите од истрагата. by @skopje1mk
23
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • На повисоките делови на Шар Планина денеска падна снег, иако календарски е средина на летото. Снежната покривка е забележана над Попова Шапка, на врвот Церипашина, како последица на најавеното заладување што ја зафати Македонија.Метеорологот Славчо Попоски објави фотографии на кои се гледа снежната покривка на планината.Во меѓувреме, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради нестабилното време. Според најавите, во повеќе делови од земјата се очекуваат пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Фото: Ig/slavcopoposki by @skopje1mk
4
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • Силното невреме и ветерот што денеска го зафатија охридскиот регион создадоа големи бранови во Охридското Езеро. Видеото е снимено од кампот Градиште и ја покажува силата на временските непогоди што попладнево го зафатија овој дел од земјата. by @skopje1mk
7
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • Адвокатот Умејр Мухамеди преку објава на социјалните мрежи тврди дека при посета на угостителски објект во Старата скопска чаршија не добил фискална сметка, иако ја побарал, туку му била доставена рачно напишана пресметка.Во објавата тој наведува дека ваквата практика, според него, е незаконска и навредлива кон потрошувачите, оценувајќи дека не треба да се дозволува различна примена на законските обврски.„Не може од едната страна на Вардар да се издаваат фискални сметки, а од другата страна да се добива ваква пресметка“, напиша Мухамеди.Тој додава дека во Старата скопска чаршија има и угостителски објекти што редовно издаваат фискални сметки, поради што, според него, не е фер кон оние што работат согласно прописите да се толерираат вакви практики.Во следна објава, Мухамеди се осврна и на реакциите што ги добил на социјалните мрежи. Тој наведе дека дел од коментарите ја релативизирале важноста на фискалната сметка, додека други, како што тврди, содржеле лични навреди и обвинувања поврзани со етничка припадност.На крајот од објавата, адвокатот оцени дека е потребно доследно почитување на законите и поефикасно функционирање на институциите.Тврдењата се изнесени во објави на социјалните мрежи на адвокатот Умејр Мухамеди. Во нив не е содржан став од угостителскиот објект или од надлежните институции. by @skopje1mk
21
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион засега да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, туку на Македонија да ѝ овозможи дополнителен рок за исполнување на препораките за негова заштита.Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот во Бусан, Јужна Кореја, со поддршка од 16 од вкупно 21 земја-членка. Со тоа, земјава добива пет години за реализација на мерките и обврските што ги презеде кон УНЕСКО, врз основа на планот со приоритетни активности доставен од Владата и општините од Охридскиот Регион.Македонската делегација на седницата ја предводеше амбасадорот во Париз, Игор Николов, заедно со претставници на повеќе државни институции.Пред гласањето, во предлог-одлуката беше наведено Охридскиот Регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност поради оценката дека напредокот во исполнувањето на препораките е недоволен и дека дел од заканите за природното и културното наследство сè уште не се надминати.Премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти дека Владата побарала шестгодишен рок за спроведување на неопходните активности, но Комитетот се одлучил за период од пет години. Тој посочи дека станува збор за проблеми што се создавале со децении и чие решавање бара време, како и координација со Албанија, бидејќи двете земји го делат Охридското Езеро.Во меѓувреме, локалните самоуправи остануваат надлежни за прашањата поврзани со одобренијата за градба и отстранувањето на бесправно изградените објекти, додека УНЕСКО ќе продолжи да го следи исполнувањето на преземените обврски.И минатата година Комитетот предложи Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, но тогаш беше одобрен дополнителен едногодишен рок. Одлуката тогаш предизвика реакции кај повеќе организации, кои оценија дека препораките на експертите на УНЕСКО повторно не биле целосно земени предвид. by @skopje1mk
9
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • Основниот кривичен суд Скопје го укина притворот за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, откако судија на претходна постапка ја прифати понудената гаранција во вредност од над 1.150.000 евра.Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот. Истовремено, за да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката, на Сејдини му е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа.Сејдини беше приведен по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, а на 24 април годинава му беше определен 30-дневен притвор поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоци во истрагата. Подоцна, мерката му беше продолжена со одлука на Кривичниот совет.Тој е осомничен за кривичното дело „Проневера во службата“ од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Од Кривичниот суд информираат дека по барањето на одбраната за укинување на притворот со понудена гаранција, Основното јавно обвинителство дало позитивно мислење. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот, а бидејќи против решението не била поднесена жалба, тоа станало правосилно.По правосилноста на одлуката, Муамед Сејдини е пуштен да се брани од слобода. by @skopje1mk
52
a day ago
Download
⚡#Скопје1 • Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вчера го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина, што му го додели претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како признание за поддршката и солидарноста што градот ја покажува кон украинскиот народ од почетокот на војната.Високото државно одликување му го врачи украинската амбасадорка во Македонија, Лариса Дир, која истакна дека признанието е израз на благодарност за хуманоста и помошта што Кавадарци ја обезбедува за Украина.Јанчев изјави дека орденот не го доживува како лично признание, туку како награда за целиот град, институциите, хуманитарните организации и сите граѓани кои несебично помогнале на украинскиот народ.На свеченоста присуствуваа и деца од Украина кои престојуваат во одморалиштето „Михајлово“, а во знак на благодарност му подарија рози на градоначалникот.Тој потсети дека Кавадарци во изминатиот период испратил генератор во украинскиот град Буча за време на зимската сезона, донирал 10 тони вода за пиење по уништувањето на браната на хидроелектраната Каховка, како и дека организирал престој за украински деца во креативниот центар „Михајлово“.Според Јанчев, овие активности се доказ за човечноста, солидарноста и пријателството меѓу македонскиот и украинскиот народ. by @skopje1mk
18
a day ago
Download
×

Download all media on this page

Photos Videos
back to up