Instagram story viewer> @lets_cook_delights> Tagged
20.6K
followers
2207
following
Helping you cook easy, nourishing meals 🌱
🥗 Simple & delicious healthy recipes
🌾 Vegan & gluten-free options
📩 DM for collabs!
👩‍🍳 @maja.dukova
POSTS STORIES REELS TAGGED
Убаво е кога ќе се вратиш на место каде што започнала една важна приказна, овојпат во малку поинаква улога. 💙

Како алумни студентка на Академијата за дигитален маркетинг на @avenga_academy , имав можност да бидам дел од настанот AVENGA: ALL TOGETHER – овојпат како говорник на трибината, каде што споделив дел од моите искуства за време на академијата на креативен начин.

Настани како овој се прекрасна можност за повторни средби, размена на искуства, нови познанства и потсетување дека учењето не завршува со дипломата. Напротив, тогаш започнува примената на сето она што сме го научиле. ✨

Благодарност до @avenga_academy за поканата и можноста да бидам дел од оваа приказна. Секогаш е убаво да се навратиш на почетоците, но уште поубаво е кога можеш да споделиш дел од патот што си го изодел оттогаш. 🎓💫
20
Не мора да бидеме само едно нешто за да бидеме свои.

Можеме да се менуваме, да растеме, да пробуваме нови улоги, да откриваме нови страни од себе — а сепак да останеме верни на она што нè прави свои.

Можеби најубавата верзија од себе не е онаа што најмногу се вклопува во нечија слика за тоа каква треба да бидеме.

Туку онаа во која се препознаваме себеси.
28
Пријатно утро во @utrinska_zdravo_makedonijo на @kanal5televizija ☀️

Разговори за планината, храната, патувањата и убавините на Македонија — теми за кои секогаш со задоволство зборувам. 🏔️🇲🇰

А за да биде уште поубаво, подготвив и бабагануш и уживав во прекрасната атмосфера. 🤍
12
Пролет во чинија - пролетна свежа салата со сезонски намирници подготвена од Маја @lets_cook_delights
56
Утрово го започнав во @sitel.tv како дел од @jasakammakedonija ,со блага и солена варијанта на киноа, но уште поважно, со искрен и отворен разговор.

Со @dimsa94 допревме теми што навистина се дел од моето секојдневие – инфлуенсерството како одговорност, не само како тренд, планинарењето како начин да се вратиш кон себе, и исхраната како основа за баланс.

Зборувавме и за тоа што стои „зад сцената“ на социјалните мрежи – како се креираат постовите, колку труд, време и мисла има во секоја објава, и дали е напорно да се биде конзистентен во свет што постојано бара ново.

Заклучокот? Кога тоа што го споделуваш е дел од твојот вистински живот – не е товар, туку природно продолжение на тоа што си.

Благодарна за просторот, разговорот и можноста да допрам до повеќе луѓе на еден поинаков начин 💛
37
39
Маја Дукова утрово со корисни совети за тоа како да направите здрави и лесни оброци кога одите на планинарски тури
32
Сè уште сум под импресии од Business Mamma Networking 4.0 – настан кој беше полн со женска енергија, инспирација и неверојатни приказни. 💛✨

Пресреќна сум што бев дел од ова прекрасно вмрежување, каде над 150 жени – претприемачки, креаторки, визионерки и идни сопственички на бизниси – споделија храброст, идеи и поддршка.

Иако јас сеуште не сум мајка, верувам во моќта на жените да создадат, да градат и да се поддржуваат меѓусебно. Токму оваа атмосфера ме потсети колку е важно да имаме заедница што охрабрува, мотивира и ја слави секоја наша победа.

Огромна благодарност до @avenga_academy што ми ја дадоа можноста да бидам претставник на овој настан. Тие се огромен дел од мојот раст во дигиталниот свет, и искрено сум благодарна што ме поттикнаа да ја споделам мојата приказна.

Благодарност и до @mama.krug за беспрекорната организација и за создавањето на простор во кој секоја жена се чувствува поддржана, видена и мотивирана.

Срцето  полно.
А инспирацијата – бескрајна.
Ова беше потсетник дека секоја од нас може многу повеќе отколку што мисли. 💛
49
back to up